Категории

Камп приколка за велосипеди

Мини верзијата на огромните каравани може да биде идеално решение ако сакате да се упатите на одмор возејќи велосипед.

Имено, данскиот претприемач Мадс Јохансен, пронашол начин како да ги задоволи потребите за сместување и преспивање на бројните велосипедисти.

“The Wide Path Camper” дозволува велосипедистот да има номадски живот, преместувајќи се од град во град и од место во место, вклучувајќи ги и дивите кампови, генерирајќи енергија додека се движи.

Компанијата која стои зад овој производ го опишува како “мобилни мини куќи” и вели дека нудат “моментално решение за лоши временски услови, удобен кревет за 2.5 луѓе и простор за четири возрасни личности да ручаат во него, да се релаксираат и да кампуваат со стил”.

2

Мини камп приколките можете да ги нарачате на нивната веб страна, со тоа што основната верзија чини 3.500 евра, а за луксузната околу 3.950 евра.

https://www.youtube.com/watch?v=tPsqlPjhqxA

Прегледи:
1115
Објавено на:
18.07.2016