Категории

ФОТО Прекрасни моменти во кои уживаат луѓето кои кампуваат

Најдобриот начин за враќање на нашата енергија е да се поврземе со нештата кои често забораваме колку не исполнуваат – природата и нејзините убавини. Погледнете некои од прекрасните моменти во кои уживаат сите оние кои имаат љубов кон кампувањето:

  • Оброци зготвени во природа 

Мириси и вкусови кои се послатки од било кога, спремајќи ги над мекото крцкање на жарчињата топол оган. Подготовката на оброк во природа дава една посебна димензија на вкусовите, сетилата и самото уживање во храната

  • Најубавите изгрејсонца

Раните утра често знаат да бидат гушнати од росата, но хоризонтот секогаш блеска во најубавите златно портокалови бои, а природата се буди заедно со сите нејзини автентични и мелодични звуци во позадина. Изгрејсонцата надвор од урбанте средини се доживувања сами по себе, моменти на хипноза кои те исполнуваат со позитивни вибрации и енергија.

  • Погледи кои смируваат 

Одморот во природа е често асоциран со чувството на мир, но во суштина мирот е внатрешна состојба која што ние сами треба да ја побудуваме. За среќа секогаш кога се чуствуваме во дисбаланс, природата знае да не потсети колку е битно да ги разбудиме нашите сетила и да уживаме во моментот кој што го доживуваме во сегашноста. Некои погледи имаат моќ да бидат причината да прекинете со сите останати размислувања и иедноставно да се изгубите во пејсажот кој се наоѓа пред вашите очи.

  • Ноќи под ѕвездени неба 

И покрај свежината на ладниот воздух како и длабоката темнина која завладува во текот на ноќта, вечерната атмосфера не е ни за нијанса помалку привлечна од денските убавини што ги искусуваат каперите. Вечерните часови во природа и под ведро небо се вистинската прилика да се почуствувате дека барем за момент се наоѓате во вселената.

  • Природни езера кои се кријат во височините на планините

Неоткриените убавини на природата се едни од највозбудливите откритија на луѓето кои планинарат и имаат желба да кампуваат. Често природата знае да ве поведе надвор од ислпанираната патека и да ве натера да не го погледнете компасот за да се запрашате дали одите во вистинска насока, токму тогаш ќе сретнете места кои за вас ќе претставуваат вистински откритија,

Прегледи:
577
Објавено на:
28.09.2020