Категории

Кание во една од песните призна дека ја изневерувал Ким откако добиле дете

Благодарение на признанието, Кание има многу успешен албум во своите раце.

Откако е пуштен во јавност, не престануваат контроверзиите околу новиот албум на Кание Вест „Донда“. Ова е негов десетти студиски албум, а издавачката куќа „Universal Music Group“ го пуштила наводно без негово одобрение.

Но, тоа не е крај на драмата која Кание Вест очигледно ја сака. Имено, во новата песна „Ураган“ 44-годишниот рапер говори дека ја изневерил тогашната сопруга Ким Кардашијан Вест откако го добиле своето прво дете.

  • „Се однесувам пребогато
  • Имам и нова девојка
  • И знам што е вистина
  • И понатаму играм и после две деца“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ye (@kanyewest)


Извори блиски до Кание велат дека овие стихови на некој начин се негово сведоштво за сѐ што направил погрешно и негово извинување и преземање одговорност.

Без обзир на се, Ким се појави на неговите настапи на кои ги промовираше новите песни. На последниот ријалити ѕвездата се појави во венчаница на Баленсијага и потполно ги зачуди фановите. Многумина се прашуваат дали ова значи дека Ким и Кание се повторно заедно.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ye (@kanyewest)


Неговиот албум, кој го нарече по својата покојна мајка Донда, постигна неверојатен успех – на Apple Music за само еден ден во САД е преслушан повеќе од 60 милиони пати.