Категории

Канје Вест на Валентајн објави преку 50 фотогорафии од најиконските парови според него

Канје го искористи денот на вљубените, па кога главна тема на 14-ти февруари беше љубовта, тој реши после долга пауза да се врати на инстаграм со објавување на преку 50 фотографии од иконски парови според него. 

После девет месечна пауза од инстаграм, Канје прво и го честиташе Валентајн на својата сопруга Ким, а потоа објави 54 фотографии од иконски парови. Првиот пар кој беше објавен беше Мадона и Шон Пен, а потоа следеа Мишел и Барак Обама.

Меѓу славните парови кои ја „имаа честа“ да бидат објавени, има фотографии од него и Ким, но и од многу парови кои повеќе не се заедно.

Витни Хјустон и Боби Браун

Канје предизвика лавина од коментари и збунетост кај корисниците, но и кај личностите кои се најдоа на неговиот профил. Па така 18 годишниот син на Мик Џегер, Лукас, на фотографијата на неговиот татко со поранешната љубов Бјанка Џегер, со која бил во брак од 1971-1979.  Лукас искоментирал “what the fuck?” и го означил неговиот татко.

 

 

Гвинет Палтроу и Бред Пит во 90-тите. 

Викторија и Дејвид Бекам во младостаДе

 

Дејвид Боуви и Иман