Популарната манекенка која во екот на својата слава како најплатен модел се откажа од манекеството и се посвети на глумата, повторно докажа дека го дава максимумот во нејзината посветеност и професионалност. За улогата во новиот филм Life in a year каде игра улога на млада девојка која боледува од рак и и преостанува само една година живот, без никакво двоумење одлучи да ја избриче главата. Тоа предизвика огромен восхит помеѓу нејзините фанови како а исто така таа доби огромна поддршка од нејзините колеги во филмот меѓу кои улогата на нејзин партнер ќе ја толкува синот на Вил Смит – Џејден Смит. Кара притоа изјави дека оваа промена не ја направи само за целта на филмот, туку и да пружи поддршка на сите оние кои боледуваат од оваа болест.