Категории

Каранфил за мир во бракот, орхидејата за подобар секс

Цвеќето има вистинска моќ да ги смири скараните сопружници, да поттикне успех во кариерата, носи добро здравје, го чува бракот…

Орхидеја

Цвеќе за успешни луѓе. Но, велат дека ова цвеќе знае да направи вистинско чудо во спалната соба. Ја поттикнува сексуалната моќ и го подобрува сексуалниот живот на партнерите.

 

Азалеа

Дава мир во бракот. Ова цвеќе има моќ да ги поттикнува чувствата помеѓу партнерите, пожртвуваност, симпатија.

 

Циклама

Цвет на искреност. Ги „израмнува“ сметките и ги смирува недоразбирањата, и е посебно погодно да го смири односот меѓу свекрвата и снаата.

 

Роза

Цвеќе за исклучителна, неограничена и вечна љубов. Ако сте купиле црвена роза  таа зборува за вашиот страсен однос. Жолтата е симбол на љубомора, а белата на доверба.

 

 

Хортизеја

Мир помеѓу љубовниците или сопружниците. Букет хортизеи значи мир во домот или врската.

Гарденија

Цвет за флертување, заведувања или краткотрајна врска во која не сакате многу да вложувате. Ако не сте заговорник на вистинската љубов, ова е вашиот цвет.

Ирис

Цвеќе со кое се соопштуваат добри вести, ова цвеќе носи среќа и исполнетост.

Хризантема

Носи среќа и радост и добро е да го имате дома. Ова цвеќе е погодно за сеќавање на мртвите.

 

 

Извор: Макфакс

Прегледи:
589
Ознаки:
Објавено на:
08.07.2017