Категории

КАРОЛИНА ГОЧЕВА ГО ПРОСЛАВИ СВОЈОТ 40-ТИ РОДЕНДЕН

Македонското девојче, прекрасната пејачка Каролина Гочева вчера (28-ми Април) го прослави својот 40-ти роденден.

Таа како и повеќето познати личности кои го дочекаа својот роденден во карантин, објави фотографија на својот Инстаграм профил каде држи роденденска торта од разнобојни цветови и напиша Другари, фала ви на сите за честитките и прекрасните зборови, ова бројче заслужуваше посебна журка, но и вака не е лошо… Не е важно колкав е кругот, туку кој е во него.  Ве сакам. Cheers“. Се нижеа честитки од сите страни, од своите соработници колеги, познатите Тамара Тодевска, Тијана Дапчевиќ, Влатко Лозаноски, Панчо од ДНК, Весна Петрушевска, Миа Костова како и многу други.

Инаку, Македонското девојче во Септември 2016 го кажа судбоносното „да“ на веќе нејзиниот сопруг Михаил Корубин и заплива во брачните води. Каролина не сака многу да зборува за својот приватен живот, па кога станува збор за тоа е резервирана за камерите.

Каролина Гочева го имаше својот прв забележителен настап на десет годишна возраст на детскиот фестивал Си-До во Битола и на фестивалот Макфест во 1991 во Штип со песната “Мамо, пушти ме“. На почетокот на нејзината кариера, таа настапуваше на голем број домашни фестивали за промовирање на нејзиниот талент и нејзината кариера. Македонската поп-пејачка, родена во Битола, исто така е позната и по тоа што два пати ја претставуваше Македонија на Изборот за песна на Евровизија. Во 2002 година во ТалинЕстонија, настапи со песната Од нас зависи и се пласираше на 19 место. Во 2007 година во ХелсинкиФинска, настапи со песната Мојот свет, пласирајќи се како 9-та во полуфиналето, а како 14-та во финалето.

Избравме неколку прекрасни фотографии за да го одбележиме 40-тиот роденден на МАКЕДОНСКАТА ПОП ДИВА. Cheers!