Категории

Кажете и збогум на несоницата со помош на овој трик

За да имате квалитетен сон потребно е да го подготвите телото за спиење. Со помош на овие совети ќе заборавите на несоницата.

Се препорачува да ги подигнете нозете на ѕид десет минути пред спиење. Станува збор за јога позата позната под името „Випарита Карани“ која ја подобрува циркулацијата и го става нервниот систем во фаза на мирување. Кога ќе ја изведете оваа поза, погрижете се спалната соба да биде мрачна и ладна. По оваа вежба, сигурно лесно ќе потонете во сон, бидејќи го регулира протокот на крвта низ телото, помага при проблемите се потечен зглобови, одлична е при несоница, го смирува умот и помага при благи облици на депресија.

Исто така, важно е половина час пред спиење да ги исклучите сите електрични уреди – телефон, компјутер, телевизор. Доколку имате проблем да заспиете не тренирајте навечер и не пијте кафе. Ако планирате да легнете во 22 часот, последниот оброк нека ви биде во 18 часот.

 Може да ви помогне и напиток од топло млеко и мед, но и чај од камилица.
Прегледи:
424
Објавено на:
04.06.2018