Категории

ЌЕ ГО ПРОЧИТАТЕ ЗА ЕДНА МИНУТА, А ВРЕДИ: ЌЕ ВИ ГИ ОТВОРИ ОЧИТЕ ЗА ЦЕЛ ЖИВОТ!

Во една соба гореле 4 свеќи, таму било доволно тивко за да се слушне нивниот разговор:

Првата свеќа рекла: Јас сум МИР – луѓето не успеваат да ме приметат затоа ќе се изгасам. Веднаш се изгасила.

Втората свеќа рекла: Јас сум ВЕРA – многу од луѓето сметаат дека не сум им неопходна затоа нема смисла да горам. Дувнал тивок ветер и таа се изгасила.

Третата свеќа рекла: Јас сум ЉУБОВ – немам повеќе сила, луѓето ме ставаат на страна и не ги љубат своите блиски и во истиот момент се изгасила.

Малку после тоа во собата влегло едно мало дете кое рекло: “Што е ова нели требаше да горите до крај” и почнало да плаче.

Тогаш четвртата свеќа прозборела: Не се плаши, додека јас горам имам сила да ги запалам и другите свеќи. Јас сум НАДЕЖТА.

Со солзи во очите детето ја земало НАДЕЖТА и ги запалило останатите свеќи.

Пламенот на надежта секогаш треба да гори во нашите срца, за да може секој од нас да ја зачува верата, љубовта и мирот во срцата.

Прегледи:
1001
Објавено на:
28.05.2016