Категории

Ќе има ли дуел Меси против Роналдо и на Олимпијада?

Денес на „Маракана“ во Рио беа извлечени групите за фудбалскиот турнир на ЛОИ, кој ќе се одржи од 4 до 20 август. Воведниот меч ќе го одиграат Бразил и Јужна Африка, а домаќините се посебно мотивирани, бидејќи никогаш не освоиле олимписки фудбалски турнир.

Група А:

Бразил, Јужна Африка, Ирак, Данска

Група Б:

Шведска, Колумбија, Нигерија, Јапонија

Група Ц:

Фиџи, Јужна Кореја, Мексико, Германија

Група Д:

Хондурас, Алжир, Португалија, Аргентина

Теоретски може да се сретнат Кристијано Роналдо и Лионел Меси, бидејќи Аргентинците и Португалците ќе ги одмерат силите уште во првото коло на 4 август. Сепак мали се шансите двајцата да учествуваат на овој турнир, посебно Меси кој ќе настапи за Аргентина на Копа Америка во јуни оваа година.

Првопласираните две репрезентации од секоја група ќе обезбедат пласман во четвртфиналето. Титулата од Лондон ја брани Мексико.

Прегледи:
485
Категории:
Спорт · Фудбал
Објавено на:
15.04.2016