Категории

Ќе се покаеш што ја изгуби жената што те чекаше да пораснеш

Таа која знаеше како да се бори со твоите невремиња и сенки..

Жената е спремна да даде и илјада шанси, да верува дека ти можеш да станеш најдобрата верзија на себеси, да сака да биде покрај тебе кога тоа ќе се случи, да заглави во лош однос во кој не ја третираш онака како што заслужува.
Но кога еднаш ќе стави крај, тоа е за засекгаш. Во нејзиниот живот веќе нема место за тебе и вратата е засекогаш затворена. Ниедна трансформација веќе нема да ја одвои од новиот живот во кој живее без тебе, среќна, исполнета и слободна.
Ако се водиш со клише помислата „Па ако не може да ме трпи во мојота најлоша состојба, не ме заслужува ни во најдобрата“, а тоа е најглупавата лага која некој ја измислил. Таа не заслужува да биде со некој кој ќе ја прави несреќна и да живее живот со партнер кој не може да превземе сосптвена одговорност за својата деструктивна природа.

Можеби нема да имаш проблем да пронајдеш некоја нова која ќе биде покрај тебе кога ќе го достигнеш најдоброто од себеси, но таа само ќе ја запознае едната страна од тебе, а целта е да пронајдеш некој кој ќе биде покрај тебе и за време на твоите потешкотии.
И тогаш ќе ти биде тешко, кога ќе се бориш со новата личност во твојот живот која не може да ги прифати твоите олуји и сенки кои понекогаш ќе знаат да се вратат од минатото, тогаш ќе ја забележиш вредноста на жената која го правела тоа без да го побараш истото од неа.

Прегледи:
352
Објавено на:
09.12.2019