Категории

Ќе ве расплаче: Тамара Тодевска со емотивен статус не го заборава Влатко Илиевски- Шетам низ парк и се вртам да не те сретнам случајно

„Така требало да биде“ е композицијата на Влатко Илиевски која Тамара Тодевска со емотивна порака ја сподели на социјалните мрежи.

– Еднаш ми рече дека оваа песна ти е за мене. Дали ме лажеше за само убаво да ми направиш, не знам. Дали стварно ти беше за мене, никогаш нема да дознаам. Едно сум сигурна. Толку ми фалиш Влатче. Секој ден сѐ повеќе. Шетам низ парк и се вртам наоколу да не те сретнам случајно. Чувствувам некоја празнина кога ќе се сетам на тебе.. Мислам дека ќе плачам секогаш кога ќе ми текне на тебе и така сѐ додека не се видиме на оној свет – напиша меѓу другото таа.

Прегледи:
317
Објавено на:
28.07.2018