Категории

Ќе ви го скрши срцето: Мало девојче учи на улица додека проси со својот татко

Фотографии од мало девојче кое учи и пишува домашна работа додека проси на улица со својот татко го обиколија светот.

6-годишната Ѓи Хунгхунг е ученичка во прво одделение, но не дозволува тоа што потекнува од сиромашно семејство да ја спречи да добие квалитетно образование.

Фотографиите се направени во кинескиот град Линји. На нив се гледа Ѓи со своите книги покрај татко си, покриена со јорган кој ја штити од ладното време.

02

03

04

За „Yiming Evening News“ девојчето изјавило дека не ги сака викендите, бидејќи мора да проси на улиците со својот татко. „Ја завршив целата домашна работа која ми ја зададе учителката. Но, татко ми сакаше да напишам уште пет страници за спелување на кинески.– изјавила Ѓи. Упорното девојче додало дека сака да учи и дека просењето нема да ја спречи во тоа.

Мајката на Ѓи била ментално болна, а нејзиното поголемо братче сè уште било во училиште. Па поради тоа, целиот товар за издржување на семејството бил на грбот на таткото на Ѓи.

Дел од минувачите се смилувале и ѝ купувале храна и вода, а некои дури ѝ подариле и облека.

05

Прегледи:
452
Објавено на:
27.10.2016