Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, ретко кога можеме да ја видиме без нејзиниот заштитен знак – високи потпетици.
На бројните кралски настани и разни церемонии таа долго време стои, па многу жени се прашуваат како Кејт издржува со часови на високи потпетици .
Како што пренесува „Венити фер“ нејзината тајна е во влошките за чевли. Кејт во сите чевли става влошки од италијанско производство направени од квалитетна кожа кои ѝ пружаат удобност и стабилност.
Многу е важно да се истакне дека станува збор за кожни влошки затоа што силиконските или влошките од ткаенина не се доволно цврсти за да го стабилизираат стапалото.