Категории

Кејт Мидлтон во скромна комбинација во третата бременост

Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, се врати на своите кралски должности. Таа вчера беше на посета на едно детско училиште во Лондон.

За новото појавување, Кејт одбра облека, која веќе ја има носено за време на нејзината бременост со принцезата Шарлот. Таа носеше син капут од Sportmax колекција од 2014 година.

Под него носеше труднички фустан во мастило сина боја. Иако комбинацјата која ја носеше е скромна, Кејт изгледаше прекрасно, притоа гордо покажувајќи го своето трудничко стомаче.