Супермоделот Кејт Мос, е една од најпознатите манекенки на сите времиња, а таа е една од оние ретки жени кои својата младоликост ја должи на добрите гени. Таа има 45 години, но и понатаму изгледа природно и совршено.
Неодамна супермоделот за магазинот “Stylist”, изјави дека долго време се бори со проблемот на изразени подочници, и ги откри триковите со кои таа успева успешно да ги намали и прекрие.
„Наполнете сад со ладна вода и ставете лед и краставици, па потоа нурнете го лицето и држете колку што можете.“ – објасни Кејт која вели дека овој трик го користи веќе долго и и помага во тоа нејзиното лице да не изгледа надуено, и ја затегнува нејзината кожа.