Категории

Кејт Винслет отворено за односот со Леонардо Дикаприо

Ѕвездите од филмот „Титаник“, Леонардо Дикаприо и Кејт Винслет, неодамна го привлекоа вниманието на јавноста со заедничка фотографија од одмор. Иако е познато дека глумците се долгогодишни пријатели, повторно се поставуваат прашања за нивниот однос.

Кејт во едно неодамнешно интервју повторно говореше за пријателството со Дикаприо: „Не сакате ни да знаете за нашиот последен разговор. Беше многу забавен, многу се смеев. Нема да ви кажам за што точно зборувавме, но вистина е дека сме многу блиски“, рече Кејт во интервјуто.

Таа додаде и дека на шега често цитираат некои реплики од „Титаник“ и вели дека на моменти тоа звучи многу смешно.
Нејзината изјава многумина ги натера да помислат дека меѓу нив има нешто повеќе од пријателство, па на социјалните мрежи се појавија многубројни коментари на оваа тема.

 

 

Извор: Макфакс

Прегледи:
411
Објавено на:
31.08.2017