Категории

Келвин Харис ја објави песната посветена на Тејлор Свифт

Ова лето сигурно ќе си ја потпевнувате песната “Olѐ”, која е заеднички проект на Џон Њуман и Келвин Харис. Добрите познавачи на музика велат дека песната со неодолив летен ритам дефинитивно ќе биде летен хит.

Ова е првата песна која ќе се најде на третиот албум на Џон Њуман, кој на јавноста и е познат по светскиот хит “Love me again”.

“Песната е релаксирачка и знам дека Келвин Харис навистина е горд на неа. Ми рече дека тоа му е најдрагата песна која ја напишал некогаш”, изјави Џон при минатомесечната најава на соработката со Харис.

Спотот за песната “Olѐ” е снимен во Мексико, а многубројните фанови можат да го очекуваат во секој момент.

Светските медиуми пишуваат дека песната наводно зборува за неверството на Тејлор Свифт со која Харис неодамна раскина. Според нивното сфаќање, таа е всушност е направена од перспективата на Том Хидлстон, новиот дечко на Свифт.

Прегледи:
423
Објавено на:
09.07.2016