Категории

Кендал Џенер е најплатениот модел на светот

Според најновата лисна на Forbes, Кендал Џенер стана најплатениот модел на светот.

Дваесет и две годишната Кендал за прв пат се најде на врвот на листата и со тоа ја симна од тронот бразилката Гизел Бундхен, која беше на врвот на листата од 2002 година.

Џенер минатата година заработи 22 милиони долари, а за тоа допринесе рекламирањето на луксузни брендови на нејзиниот профил на Instagram, реалното шоу „Keeping Up With The Kardashians“, како и со рекламните кампањи за Estée Lauder, La Perla, Adidas и Fendi, но и од модната линија „Kendall + Kylie“ која ја основа со својата сестра Кајли.

На второт место се наоѓа Бундхен, која  оставрила профит од 17,5 милиони долари, што е за 4,5 милиони помалку од Џенер. На третото место по заработувачка се најде моделот Криси Тајген, со 13, 5 милиони долари, на 4-то Адријана Лина со 10, 5 милиони долари, а на петтото место Џиџи Хадид со 9, 5 милиони долари. Интересно е што високо на листата на најплатени модели се најде и моделот Ешли Греам со 5,5 милиони долари заработувачка.

 

Прегледи:
503
Објавено на:
23.11.2017