Дева досега имавме прилика само да ја видиме на папарацо фотографиите од одморот на кој беше со нејзиниот татко и неговата сопруга.
Постарата ќерка на познатата убавица Моника Белучи и нејзиниот поранешен сопруг Винсент Касел е подготвена да го покори светот на модата.
14- годишната Дева Касел ќе се појави во рекламата на познатиот бренд Долче и Габана со кој со години се дружи и соработува нејзината мајка. Со обзир на тоа дека ни Моника ниту пак Винсент никогаш во јавноста не ги прикажуваа своите деца, ова ќе биде голем настан.
Неодамна се појавија фотографии од снимањето на рекламата, на кои се гледа младата Дева, а позади камерата ја бодри нејзината мајка и ја советува.