Категории

Кијану Ривс повторно во улогата на Нео во 4 дел на Matrix

„Ворнер Брос“ израдува милиони фанови со најавувањето на уште дел од мега популарниот филм Matrix.

Во 4 дел Кијану Ривс повторно се враќа во улогата на Нео, додека Кери Ен Мос ќе ја отелотвори Тринити уште еднаш.

Првите три дела беа режирани од браќата Вачовски. Овој дел ќе биде режиран само од Лари кој го промени својот пол и стана Лана. Приказната за светот во кој, ако ја земете вистинската „таблета“, откривате дека сте приклучени на огромната машина која ве лаже дека живеете, додека, всушност, вашата енергија го покренува светот во кој завладеале машините.

Тоа се единствените информаци кои тие одлучија да ги споделат со фановите, додека точната дата на премиерата на филмот сеуште е непозната.