Со намален струк, платинсто русокоса коса, реалити ѕвездата во црно бикини позираше пред огледалото.
Тоа што најмногу им влезе во очи на останатите, бидејќи на нејзините голотии веќе сите се навикнати, е луксузното парче накит на нејзиниот врат.
Ким задоволна од себе, што успеала да ги намали килограмите и да си го врати малиот струк, со драматична шминка и супер секси црно бикини ја објави фотографијата со опис „Forgot to post this last night“.
Таа после разбојништвото кое го доживеа во Париз во 2016 година, кога и беше украден накит во вредност од 10 милиони долари, рече дека им дошло крај на деновите кога таа ќе носи и објавува скапоцености, но очигледно и тоа имало крај.