Категории

Ким Кардашијан кога е уморна користи двојник?!

Очигледно тешко е да се биде Ким Кардашијан, особено трудна Ким К.

Секој кој го следни ова семејство знае дека Ким имаше тешка бременост, а на сето тоа додадете и напорен животен стил. Бидејќи нели, покрај јадењето и летовите до Париз за средби со дизајнери, секако дека нема време да си ја пробува сопствената облека.

Сите сме го доживеале моментот кога наутро не можеш ни да се облечеш, токму затоа Ким најмила двојничка која прикачувала протетички стомак и пробувала облека за трудници за неа, факт кој нејзината мајка Крис го објави во промото за новата епизода на Keeping up with the Kardashians.

„Има двојник“. Крис и кажува на Кортни додека двете се во плакарот(т.е. огромната соба со облека) на Ким.„Има некој кој оди кај неа и става протетички стомак и пробува разни комбинации за неа, бидејќи она е премногу уморна за да го прави тоа.“

Потоа Ким ги принта сликите од нејзините двојници и ги прикачува на парчињата облека. Всушност таа е Cher Horowitz во ова ново, модерно време. Би биле ли вие двојник на Ким?