Ким Кардашијан (39) со својот стајлинг предизвика шок. Таа се појави во кожа од глава до пети во една црква во Париз.
Со обзир на тоа дека моментално се наоѓа во престолнината на љубовта каде се одржуваат ревиите на дизајнерите, таа ја искористила паузата и во друштво на сопругот посетила една црква во Париз.
Она што ги збунило модните критичари и предизвикало лавина негативни коментари е гардеробата во која се појавила. Во кожа од глава до пети гордо излегла од црквата додека ги фотографирале папараците.
„Сега ја премина границата на вкусот и пристојноста. Освен што ова на неа не е нималку убаво, не е ни соодветно за местото на кое се наоѓа.“
Осудите на нејзина сметка, се чини дека воопшто не допирале до неа бидејќи таа не ја симнувала насмевката од лице.
„Ако го занемариме фактот каде се наоѓа и дека во ваков аутфит не се оди во црква, ни од моден аспект ова не е добра комбинација“, гласел еден од коментарите.
Ким слепо ги прати сите трендови и знае како да привлече внимание, но ова навистина е многу лошо, едногласни се и фановите и модните стручњаци.