Иако мислите дека речиси сѐ знаете за ријалити ѕвездата Ким Кардашијан, можеби ова досега не сте го чуле:
1. Ким Кардашијан никогаш не сакала нејзината венчавка со Кание Вест да биде прикажана во семејното реално шоу – тоа била желба на Кание.
2. Пред почетокот на снимањето на секоја епизода за реалното шоу, Ким се шминка цели два часа.
3. Првата личност која дала изјава за реалното шоу „Во чекор со Кардашијан“ била Ким, а реченицата гласела „Луѓе, сите ве мразам…“
4. Ким никогаш не се тетовирала и не планира да се тетовира.
5. За да задржи добра линија, Ким многу вежба, но и се храни здраво. Храната и ја подготвува професионален готвач.
6. Нејзиниот прв твит бил на 21. март 2009 година и гласел: „Здраво на сите. Тоа сум јас, Ким Кардашијан. Конечно сум на твитер и бидејќи има многу лажни профили, да знаете дека тоа сум јас!“
7. Ким е родена како Кимберли Ноел Кардашијан, но своето име го променила во Ким Кардашијан Вест.
8. Омилен глумец и е Том Хенкс.
9. Првата фотографија на Инстаграм ја објавила на 20. февруари 2012 година.
10. Нејзиниот прв дечко бил Т. Џ Џексон, роднина на Мајкл Џексон.