Ким Кардашијан и нејзината сестра Кајли Џенер оваа недела ја промовираа кампањата од нивната соработка за новиот парфем.
Фановите на познатите ријалит ѕвезди не испуштаат ни најситен детал кога се работи за нешто ново кое тие го промовираат, па така овој пат Ким беше повторно „жртва“ на фотошопот во едиторијалот во кој таа позира заедно со нејзината сестра, можат да се забележат шест прсти на нејзината нога.
Фановите веднаш ја воочија грешката и ја нападнаа ѕвездата на нејзините социјални медиуми.
„Ким има шест прсти на ногата, дали таа ги имала отсекогаш или сега забележавме?“ – се шегуваа критичарите на сметка на ѕвездата.
Во своја одбрана таа изјави дека не се работело за грешка туку за оптичка мамка. Таа остро ги демантираше шпекулациите дека за своите фотографии користи фотошоп и изјави дека никогаш немало потреба за тоа „Навистина смешно, се смеам на ваквите мислења!“ – изјави Ким.