Категории

Ким Кардашијан претстави три нови парфеми кои од денес се во продажба

Ким Кардашијан ги претстави своите нови парфеми инспирирани од „Kimoji“. Таа во 2015. година ги претстави „Kimoji“ – персонализираните емотикони со нејзиниот лик, а од проектот наводно заработувала милион долари во минута, па затоа не е чуден фактот што решила да продолжи во облик на парфеми.

Нејзините три нови парфеми се наречени Vibes, Cherry и Peach. Овие свежи и овошни мириси во симпатични шишенца се достапни на нејзината веб страница од денес, 17. јули.