Категории

Ким Кардашијан се врати на социјалните мрежи објавувајќи семејни моменти

Откако преживеа вистинска драма со грабежот во Париз, од октомври навака Ким беше буквално нема на социјалните мрежи.

Никаде не видовме нејзини лични објави, како што тоа милуваше да го прави повеќе пати во денот, на повеќе социјални мрежи.

family

A photo posted by Kim Kardashian West (@kimkardashian) on

Празничната атмосфера или можеби доаѓањето на новата година донесе и некои промени, конечно видовме нејзина активност на социјалните мрежи, прво на инстаграм со семеен портрет, а сега следи и твитер, каде постираше видео, кое е компилација од повеќе приватни видеа со нејзиното семејство, децата и сопругот.

Од овие постови може да заклучиме дека Ким навистина решила да направи промена во својот живот, па наместо шминка, луксузните парчиња гардероба и скапиот накит, таа се фокусира на љубовта и семејството. Тоа го докажува и со најскорешниот инстаграм пост со нејзиниот син.

my son ❤

A photo posted by Kim Kardashian West (@kimkardashian) on