Категории

Кинеската копија на Range Rover Evoque станува оригинал?

Брендот LandWind одлучил за радикално да го рестилизира својот кросовер модел X7 којшто во автомобилскиот свет е попознaт како копија на познатиот Range Rover Evoque.

Меѓутоа, засега не е познато дали таквата одлука е донесена поради тужбата на британската компанија, или Кинезите едноставно сакаат да пронајдат нов и свој, односно оригинален пристап.

Оригиналниот (ако може така да се каже) LandWind се појавил во 2014-та година, како реплика од три пати поскапиот Range Rover Evoque, поради што Land Rover ја побара правдата на суд. Сепак, Заводот за интелектуална сопственост во Кина ги одзема правата на дизајнот за двете возила.

Новиот X7 доби потполно изменет преден дел, со поголема маска на ладилникот и поинакви светла, а отстранета е дури и ознаката на брендот LandWind од хаубата, којашто била испишана со сосема идентичен фонт којшто го користи и брендот Land Rover.

Сепак, во знак на сеќавање на Evoque, задржана е двобојната каросерија.

q2

Кинеските медиуми пренесуваат дека причина за брзиот редизајн е фактот дека LandWind X7 забележал многу слаба продажба, бидејќи едноставно кажано – никој не сака да купи нечија копија, иако за разлика од оригиналот, Range Rover Evoque, којшто во Кина има цена од околу 80.000 долари, неговиот “клон” чини само 18.000 долари.

q3

 Инаку, од досегашните приказни на оваа тема, најинтересна дефинитивно беше онаа во којашто Range Rover Evoque се судри токму со својот клон.

q4

q5

q6

Прегледи:
537
Објавено на:
04.12.2016