Категории

Кинески научници тврдат дека го пронашле лекот за ХИВ вирусот

Научници на Институтот за СИДА Универзитет во Хонгконг објавиле дека можеби пронашле „функционален лек“ за ХИВ, вирусот кој предизвикува СИДА.

Станува збор за ново антитело кое би можело да се користи и за превенција и за лечење на оваа страшна болест. Истражувањата кои ги водел професорот Чен Зивеи се спроведени во моментот кога Кина се соочила со ширење на епидемијата на сида помеѓу високоризичните групи.

Речиси 850.00 луѓе во Кина, се заразени со ХИВ. Вирусот ХИВ го ослабува имунолошкиот систем поради што заразените се многу осетливи на инфекции и болести.

Откритието на Чен, кое е тестирано на глувци, покажува дека новото антитело може да помогне во контролирањето на вирусот и елиминација на заразените клетки. Ова антитело ќе може да ги лечи сите варијанти на ХИВ, што е новост, изјавил Чен, бидејќи не постои една единствена вакцина за лечење на сите видови на ХИВ.

– Нашето новооткриено антитело делува против сите видови и во тоа е големата разлика, вели Чен.

Откритието на кинеските научници е објавено во магазинот за клинички истражувања, еден од водечките светски магазини за биомедицина. Чен вели дека под „функционален лек“ се подразбира дека количината на вирусот во телото ќе биде толку ниска што дури и не може да се детектира, се додека луѓето земаат инјекции со антитела, на секои три месеци а можеби и поретко.

Меѓутоа, тие мораат да се земаат секојдневно и тие не ги елиминираат заразените клетки во телото. Вирусот и понатаму постои и може да се врати доколку се прекине терапијата.

Чен и неговите соработници сакаат да направат клинички испитувања на лекот, а очекуваат дека за тоа ќе им бидат потребни од три до пет години.

Прегледи:
444
Објавено на:
22.06.2018