Категории

Кинезите не се шегуваат: Погледнете како ќе изгледа кинескиот џиновски автобус

Кинескиот мегабус со капацитет од дури 1.200 патници ќе „оживее“ согласно со претходните најави – на почетокот на следната година.

Transit Elevated Bus или скратено TEB е едно од новите решнија за големиот сообраќаен метеж во кинеските градови. Основниот концепт е во тоа што огромните автобуси ќе сообраќаат над уличните возила, а контакт со подлогата ќе остваруваат преку шини.

Првиот претставен прототип прекрива две сообраќајни ленти и има должина од 10 метри, а неговиот капацитет е околу 300 патници. Станува збор за еден сегмент, а во пракса ќе има и до четири такви, па навистина мегабусот ќе може да ги превезе најавените 1.200 патници.

Со тоа оптоварувањето на сообраќајот на градските улици би требало да се намали и до 35 отсто. Еден километар „пруга“ со својата соодветна инфраструктура чини околу 20 милиони долари, што е значително поповолно од подземната железничка, велат од TEB Tech.

Прегледи:
458
Објавено на:
07.07.2016