Категории

Кире Лазаров најдобар стрелец на СП во Франција

Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров е најдобриот стрелец на 25-то Светско првенство, кое во неделата заврши во Франција со триумф на домашната репрезентација.

Кирил Лазаров ќе ја освои третата титула најдобар стрелец на големите натпреварувања, откако претходно ги предводеше стрелците на Мундијалот во Хрватска во 2009 година и Европското првенство во Србија во 2012 година.

Еден од најдобрите десни беков во историјата на Светското првенство одигра шест натпревари и постигна 50 голови од 81 обид, односно имаше реализација од 62 отсто.

Против Тунис тој постигна 12 голови, а потоа следуваа Ангола (10), Словенија (9), Шпанија (6), Исланд (7) и Норвешка (6).

Извор: Макфакс

Прегледи:
568
Категории:
Ракомет · Спорт
Објавено на:
29.01.2017