Категории

Кит и го враќа телефонот на жената откако таа ненамерно го испушта во водата

Ова претставува лекција во љубезност, зар не? Станува збор за китот кој стана спасител на мобилен телефон, откако и падна на една жена во водата во Хамерфест, Норвешка. Патем, никој не очекувал дека ќе се појави белиот кит во водата. Веднаш започнале шпекулациите дека тој е пратен и обучен од Русија. Подводен шпион кој пребегнал? Агент на КГБ, можеби? Сепак, за разлика од повеќето руски шпиони, овој кит всушност има срце и е прилично внимателен.

Ина Мансика се обидуваше да го забележи “шпионот”, но и се случи нешто сосема неочекувано. Таа се наведна премногу блиску до водата и пред да забележи дека нејзиниот телефон паднал од јакната директно во водата. Замислете ја нејзината радост во моментот кога китот го земал телефонот и и го вратил. Таа верувала дека го изгубила својот  телефон засекогаш. Но, по некое време, овој сега познат кит и го врати, држејќи го во муцката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ISA OPDAHL LARSSON | 21 (@isa.opdahl) on