Старлетата Ким Кардашијан (35) на шопинг троши околу 30.000 долари неделно, а исто толку вложува и во стилот на својата ќерка Норт Вест (2). Таа, дури ѝ купува и иста облека.
Иако во Лос Анџелес има околу 15 Целзиусови степени, Ким Кардашијан ја облекла малата Норт во бунда од вистинско крзно. Бундата на двегодишната Норт ја платила 3.500, а иста таква бунда и самата старлета неодамна носела. Обожавателите на Ким биле згрозени.
– Тоа крзно подобро изгледало на животните. Како не ти е срам така да ги фрлаш поарите, се само некои од лутите коментари.
Ким го наполнила орманот на Норт со дизајнерска облека, а девојчето повеќе од 200 парчиња облека никогаш не ги облекло.