Постои нешто уникатно во грамафонските плочи, заради кои секогаш се сакани од вистинските музичари. Можеби тоа е ретро расположението што го создава, чувство дека сте одеднаш сте еден од ликовите на црно и белите филмови или пак тоа е само вреднување на историјата и класиката, љубовта кон стариот квалитет на аналогниот звук на албумот.
Безразлика, сепак се чини грамафонските плочи не се заборавени во историјата, а Roy Harpaz, индустриски дизајнер, се погрижил плочите да може да ги слушаме на модерен грамафон. Апаратот се вика TOC и е мал, вертикален и во јајцевид облик. Направен од ореово дрво, со Лед панел и далечински управувач, со кој можете и да прескокнувате песни, го дава совршеното искуство и спој меѓу модерното и класичното.