Категории

Клинец од распнувањето на Исус Христос пронајден во манастир во Чешка

Предмет кој би можел да биде поврзан со распетието на Исус Христос неодамна беше откриен од археолози во манастирот Милев во Чешка.

Спрема известувањата на чешките медиуми, артефактот, односно „парчето клинец долго шест центиметри“ е пронајдено во шуплина во сводот на манастирот, сместено во кутија од дабово дрво направено отприлика во 4 или 5 век.

Капакот на кутијата е направен од цврста златна плоча со кован натпис IR, а Јиржи Синделар, археологот кој учествување во откривањето напоменува дека овие две букви најверојатно се „кратенка од латински – Исус Рекс, односно Исус Крал.“

Поради богатството и угледот на манастирот Милев во минатото, научниците сметаат дека тврдењето е реално и дека во него бил чуван клинец од т.н. вистински крст, крстот на кого Исус бил распнат.

Во текот на Хуситски војни манастирот бил ограбен а Синделар сугестираше дека уништувањето на архивата на манастирот во текот на грабежите би можело да објасни зошто „немало никакви податоци“ дека реликвијата е сочувана таму.