Категории

Клое Кардашијан прв пат проговори јавно за нејзината одлука да остане со Тристан

33 годишната реалити ѕвезда Клое Кардашијан во одговор на коментари на Твитер прв пат проговори за нејзината одлука да остане со Тристан, иако јавноста дозна за неговите неверства. 

Имено, неколку дена пред породувањето со ќерката Тру, Клое имаше навистина непријатно изненадување. На интернет просторот се појави видео снимка од Тристан како се бакнува со друга жена, а повеќе извори велеа дека тоа не е единствената жена со која тој ја изневерувал мајката на неговото дете.

Покрај се, Клое остана во Охајо со Тристан, каде и ја роди нејзината ќерка која сега има две месеци. Јавноста како и за се, има мислење и за оваа ситуација. Па така, очекувано беше од Клое да го остави неверниот партнер, бидејќи секогаш таа била против лошто однесување на партнерите на нејзините сестри и пријателки и ги охрабрувала да ги остават и да се ценат себе си.

Оттаму, таа во последно време беше нарекувана хипокрит и фановите се разочарани што таа останала со него. На Клое веројатно и се смачиле таквите коментари, па сметала дека е време да даде соодветен одговор на критиките.

„Не знаете што се одвива во нашиот дом и огромниот труд кој е потребен за заедничко функционирање. Горда см на својата сила и го ценам вашето мислење…“ беше коментарот на Клое.