Категории

Клучот за витка линија е во појадокот!

Сакате да ослабете? Обрнете внимание на вашиот појадок. Тврдењето дека појадокот е најважниот оброк во денот е вистинито. За појадок можете да направите пообилен оброк, а подоцна да земате помали порции. На овој начин ќе го избегнете зголемениот крвен притисок, срцевите заболувања и холестеролот. Зошто е тоа така?

Стручњаците тврдат дека нашиот систем за варење најдобро работи наутро. Некои веруваат дека доколку јадеме преку ноќ, телото насобира масни наслаги, бидејќи тогаш не произведува доволно инсулин за да го одржи крвниот притисок стабилен.

Препорака

До пладне треба да внесеме 30-35% од дневно препорачаните калории. Проблемот е што најголемиот дел од луѓето наутро не се премногу гладни. Но, постои решение и за тоа. Можете да појадувате два пати. Својата порција поделете ја на два дела и изедете ја до пладне. Не е воопшто тешко да обрнете внимание на појадокот, а ќе забележите дека резултатите ќе бидат одлични.