Дело со библиски размери на еден од најголемите американски писатели.
„Источно од рајот“ е книга која поседува исконска сила и едноставност на митот. Сместена е во богатата долина на реката Салинас во западна Калифорнија. Централната приказна ги спојува судбините на две семејства – Треск и Хемилтон чии припадници несвесно го повторуваат гревот на Адам и Ева и отровното соперништво на Каин и Авел.
Во оваа современа класика Штајнбек создава некои од своите највпечатливи ликови и истражува теми кои постојано го опседнувале: тајната на идентитетот, необјаснивата љубов, смртоносните последици на отсуството на љубов.