Категории

Книга на неделата: „ЦАРИЦА“ – Шан Са

За сите љубители на пишаниот збор, оваа недела ви ја препорачуваме „Царица“ – Шан Са

Приказна за најголемата кинеска владетелка – Ву Зетијан. Единствената жена која седеше на кинескиот престол и ја носеше титулата царица.
Влегува во кралскиот дворец каде што живеат над десет илјади конкубини и успева да се „всади“ во срцето на големиот цар така што станува негова жена. Сведок на убиства, завери, предавства, успева да се издигне на позиција која нити една жена во Кина не успеала да ја постигне – титулата императорка.
Пред вас таа ги отвора вратите на Забранетиот град и ве носи во една поинаква реалност, живот каде владее само желбата за моќ и смртта.