Категории

Кое овошје и зеленчук имаат најмногу пестициди?

Внимавате на вашето здравје и правилно се храните вклучувајќи зеленчук и овошје? Тоа е супер, но треба ли да се грижите за пестицидите? 

Објавен е овогодинешниот попис за овошје и зеленчук со најмногу и најмалку пестициди. Од пописот во 2018 година може да се заклучи дека 70% од овошјето и зеленчукот кое е тестирано содржи трагови од пестициди, а веќе втора година по ред најмногу се наоѓаат во јагодите и спанаќот.

Еден примерок земен од јагода содржел најмалку 20 различни пестициди, додека спанаќот имал за 1,8 пати повеќе трагови од пестициди од сите други производи. Меѓу 12-те најзагадени се нашле јаболко, грозје, праска, цреши, круши, домат, целер, компир и пиперка, додека 15 најчисти со најмалку трагови на пестициди се авокадо, пченка, ананас, зелка, лук, смрзнат грашок, папаја, аспарагус, манго, домат, диња, киви, карфиол и брокула.

Прегледи:
468
Објавено на:
28.04.2018