Категории

Кое време од денот е најдобро за вежбање?

Да се одвои време во текот на денот за вежбање е навистина тешко. Поради тоа, многу луѓе ги користат вечерните часови за да вежбаат. Меѓутоа, ако мислите дека е сеедно кога вежбате, се лажете.

Според едно американско истражување, најдобро време за вежбање e во утринските часови. Утринското вежбање предизвикува зголемување на бројот на невротрансмитери. Тие се повеќеслојни, го прават умот “поостар”, а сетилата се поактивни. Исто така, раните утрински вежби ги подобруваат когнитивните функции.

Утринското вежбање го одржуваат телото активно во текот на денот и му помага полесно да се справи со стресот.

Бројни здравствени експерти тврдат дека телото во утринските часови ги согорува мастите побрзо. Но, доколку јадете пред вежбање, ќе го успорите процесот на согорување на масти.

Освен за губење на тежината, утринските вежби се ефикасни и за градење мускулна маса.

Прегледи:
410
Објавено на:
26.11.2017