Категории

Кога е вистинско време да се каже „Те сакам“?

Кога сте во нова врска и чувствувате дека тоа е вистинската, имате силна желба на личноста покрај себе да и кажете „те сакам“. Меѓутоа, постојат непишани правила кои ви даваат до знаење кога е вистински миг да се направи тоа.

Затоа што некогаш може да биде прерано. Некогаш тоа може да биде само заљубеност но не и љубов. Затоа прочитајте што велат стручњаците.

Бидете сигурни во своите чувства кога ќе кажете „те сакам“.

Заљубеноста и љубовта се две сосема различни емоции и два потполно одвоени процеси, иако често се верува дека заљубеноста веднаш преминува во љубов. Додека сте заљубени, вие ја идеализирате личноста со која сте, а љубовта е чувство на длабока емоционална поврзаност со партнерот, чувство на стабилност и сигурност во кое сте свесни за сите маани и доблести на партнерот.

Заљубеноста не е исто како и „те сакам“.

Заљубените личности многу често патат од несоница, немаат добар апетит и губат интерес за вообичаените активности кои до скоро ги радувале, додека од друга страна чувствуваат еуфорија. Сето тоа се случува поради зголемената количина на допамин и норепинефрина во мозокот.

Кога е во прашање љубов, смирени сме и сигурни. Токму тоа е важно да се знае за разликата помеѓу заљубеноста и љубовта. Еднаш кога ќе сме сигурни во тоа, тогаш можеме да изговориме на глас „те сакам“.

Кога ќе поминете некое време заедно, ќе доживеете многу различни ситуации,ни идеални ни лоши, кога ќе почнете да ги спуштате ѕидовите и ќе градите свет со друга личнст, признавајќи ги и најдлабоките стравови и најголемите желби, тогаш сте љубовен пар.

Требно е да ја цените другата личност, да ги почитувате нејзините маани и да бидете свесни за вредностите кои ги донесуваат во вашиот жвиот. Ако сето тоа се поклопува, тогаш парот е на добар пат кон „те сакам“.

Прегледи:
498
Објавено на:
13.03.2020