33-годишната суперѕвезда на светскиот фудбал, Кристијано Роналдо е рангиран на третото место на листата за највисокоплатени познати личности во Инстаграм, направена од интернет-апликацијата „Hopper HQ“.
Рекламен пост во неговиот профил на социјалната мрежа, кој има повеќе од 137 милиони следбеници, му доделува на Кристијано 750.000 долари.
Во топ 10 има уште двајца фудбалери – Нејмар со 600.000 и Лионел Меси со 500.000 долари во пост.
На врвот на ранг листата се наоѓа 20-годишната реалити ѕвезда Кајли Џенер, која за секој пост заработува еден милион долари.
Втора на листата е американската пејачка Селена Гомез со 800.000.