Категории

Кога ќе ги видиме, посакуваме желба! Како настануваат ѕвездите кои паѓаат?

Во оној момент кога Земјата се врти околу Сонцето, го пресекува патот на метероидите, тој влегува во нејзината атмосфера, бурно согорува и притоа емитува светлина, а појавата на таа трага во атмосферата се нарекува метеор – „ѕвезда која паѓа“.

Доколку метеридот е доволно голем, па не согорел потполн во атмосферата на Земјата, тој паѓа на површина. Тоа небесно тело се нарекува метероит.

Повеќето луѓе биле сведоци на прелетувањето на нешто кое изгледа како ѕвезда во текот на ноќта. Но, тоа што го гледаме всушност е метеор. Од далеку изгледа дека метеорите и ѕвездите се слични, а всушност тие многу се разликуваат. Ѕвездите се огромни сјајни топки со гас, кои изгледаат мали бидејќи се многу оддалечени. Но, метероидите кои блескаат и го пресекуваат небото, се состојат од цврст материјал. Тие се обично парчиња камен и метал или лед, често не поголеми од зрно грав, кои се одвоиле од комета или астероид.

Слично на парчињата глина расфрлани околу довршените скулптури, астероидите се дел од камениот крш кој останал по образувањето на планетите кои се блиску до Сонцето. Една голема група астероиди која лета околу Сонцето движејќи се во просторот помеѓу Марс и Јупитер, а кога ќе се судрат астероидите, парчињата камења летаат на сите страни. Тие парчиња се нарекуваат метероиди кои продолжуваат да се движат, бидејќи во празнината на универзумот не постои триење кое ќе ги успори.

Кога се движат низ студелиното во универзумот, тие прелетуваат преку Земјата, темни и невидливи. Но, при проаѓањето на метероидите покрај Земјата, понекогаш ги допира гравитацијата на Земјата. Некои од нив влетуваат во атмосферата на Земјата со брзина од 30.000 до 220.000 километри на час.

Додека типичниот камен метероид се пробива низ воздухот, каменот и металот од кои се состои се повеќе согоруваат. Топлината се развива поради триењето. Малите метероиди кои ги има во најголем број, согоруваат паѓајќи од небото. Тие додека се во лет накратко заблескуваат, а потоа согоруваат и од нив останува само гранки и се гасат како свеќа.

 

Прегледи:
1407
Објавено на:
02.05.2018