Категории

Кога ќе ги видите Жарко и Елисавета и вие ќе посакате да вежбате Crossfit

„Константна варијација на функционални движења извршени со висок интензитет“ – вака најопшто се опишува фитнес дисциплината наречена Кросфит. На кратко ова претставува комбинација на олимписко кревање на тегови, гимнастика, трчање, веслање и основни кардио-васкуларни вежби.

Со примена на овие вежби се подобруваат севкупната флексибилност, сила, брзина, издржливост и агилност. Дополнителен мотив за сите кросфит вежбачи е тоа што секој тренинг е врз основа на комбинација на различни вежби.

Оваа дисциплина поради својата ефикасност, динамика и оптимални резултати е се популарна и кај нас. За таа цел зборуваме со Жарко Батич, лиценциран CrossFit L-1 тренер во CrossFit, Скопје. Како резултат на својата напорна работа, посветеност и љубов кон кросфитот, успесите и признанијата на Жарко се многубројни. Покрај неговиот ангажман како тренер во „CrossFit Skopje“, тој е и кросфит натпреварувач, двократен шампион во олимписко дигање на тегови, како и најфит личност за 2016 година во Македонија.

Оваа година на 6-тиот по редWinter Challenge“ немав учество како натпреварувач, но, затоа ја имав една од  организаторските улоги, а исто така бев и судија. Како и секоја година, така и оваа, имавме натпреварувачи од Ниш, но и покрај целокупната конкуренција со огромно задоволство морам да напоменам дека победничките тимови беа членови на нашиот клуб, CrossFit Skopje. – вели Жарко Батич.

На 26.12 2017 година во „CrossFit Skopje“ се одржа вториот натпревар во олимписко дигање на тегови. Колку си задоволен од постигнатите резултати?

Секое натпреварување за мене е значајно без разлика на резултатите, но особен мотив и потврда за мојата напорна работа и напредување добивам на овој начин. Како и изминатата, така и оваа година јас бев натпреварувачот со најголем збир на подигнати килограми (230кг), Snatch(102.5кг) и Clean abd Jerk (127.5кг). Задоволството е огромно иако не успеав да ги соборам минатогодишните лични рекорди кои се воедно и национални рекорди на кои сум особено горд, Snatch(105кг) и Clean and Jerk (130кг).

Покрај тоа што се натпреваруваш, на јавноста си и познат и како тренер во „CrossFit Skopje. Колку е тешка оваа професија со оглед на фактот дека секојдневно се соочуваш со најразлични карактери на луѓе кои сакаат да ја подобрат својата физичка кондиција и изглед?

Работата како тренер во „CrossFit Skopje“ ме исполнува комплетно, а големиот интерес кај луѓето со најразлични професии и интереси особено ме радува. Освен групите кои ги водам сабајле и навечер за нашите редовни членови, работам и персонално со професионални спортисти, деца и луѓе кои што имаат некои лични цели, од губење на вишок килограми до припреми за искачување на Килиманџаро. Веќе четири и пол години работам како тренер во „Crossfit Skopje“ и секој ден ми се потврдува фактот дека кросфитот нема старосна граница и е буквално за сите.

Дека кросфитот е содветна дисциплина за секого, докажуваат и успесите на младата Елисавета Димовска, која има 23 години студира нутриционизам и е успешен кросфитер, а воедно практикува веганска исхрана. Таа заедно со Теодора Цветковиќ, издвои победа на „Winter challenge“. Како се припремавте?

Клучен фактор ми беше исхраната. Мојата исхрана е високо јаглехидратна (за надополнување на гликогенските резерви), ниско масна, со внес на протеини од растително потекло (остварувам комплетен аминокиселински профил).

Со Теодора, тимски трениравме поинтензивно последниов месец. Ставивме повеќе акцент на подобрување на кондиција, мускулна издржливост, а победата е заслуга и на двете.

Како е да се биде веган и кросфитер?

Кросфит тренирам околу 3 годинии буквално се што ми е потребно од нутритивен аспект внесувам преку растителна храна.

Мојата порака е дека секој може да тренира кросфит и секој може да биде веган. Ништо не ве ограничува, комбинација од двете ме направи подобра верзија на себе со постојана желба за надградување и себеподобрување. Единствен проблем ми е што да кажам прво, дека сум веган или кросфитер.

Зошто баш кросфитот е твоја пасија?

Кросфитот ме тера секој ден да излезам од комфор зоната, да правам нешто што никогаш претходно не сум мислела дека е возможно за мене. Секое тело е создадено за физичка активност, кросфитот е за секого, без разлика на вашето фитнес ниво и од каде почнувате. Она што ме задржа во „CrossFit Skopje“ е професионалноста на тимот и тренерите, атмосферата и тимската работа.

Доколку ја стекнете дисциплината потребна за тренинг, ќе ја пренесете истата во секое поле од животот понатаму. Овој спорт ве тера да сакате да сте успешни, да не ставате ограничувања на вашите способности. Секој ден се трудите да сте подобри од она што сте биле, а на крај тоа е најважно.

CrossFit Skopje е омилената дестинација и на водителот Марко Марк, кој рекреативно тренира кросфит. Се обидувам секое слободно време да го одвојам за вежбање и здрав начин на живот.

Во кросфитот најмногу се пронајдов поради динамиката која е застапена во него и одличната комбинација на најразличнии вежби кои ја прават оваа дисциплина забавна и поинаква од секоја друга физичка активност. М0јата препорака за одржување на формата и физичката кондиција дефинитивно оди кај „CrossFit Skopje.

Подолу имате можност да ја погледнете целосната креативна фотосесија реализирана од Среќа.мк и Happiness.marketing, а поддржана од Maya Water и Polleo Sport Makedonija.

Photo by: Dzole Milovski photography