Категории

Кога љубовта не поттикнува на подобро однесување

Откако Принцот Хари почна да се забавува со американската актерка Меган Маркл и со која неодамна се вери,тој реши да се откаже од повеќето свои лоши и нездрави навики.

Љубовта на прицот Хари  кон Меган му делува навистина одлично, со оглед на тоа дека таа го поттикна на подобро однесување и откажување од некои нездрави навики.

Вo последно време Принцот Хари во раните утрински часови оди на редовен тренинг со приватен тренер, а исто така тој се откажал и од пушењето.

Во нивниот заеднички дом, Нотингем Котиџ, кој се наоѓа на поседот на Кенсингтонската палата, пушењето е и официјално забрането. Тој ветил дека нема да пуши дома, затоа што тоа не било убаво  поради Меган.

Во моментов, Меган и Хари се разделени, бидејќи Меган неколку недели ќе помине во Лос Анџелес кај мајка и. Но и покрај тоа, принцот Хари се уште ги почитува правилата за непушење дома.