Категории

Кога на радоста на кучињата и нема крај (ВИДЕО)

Лаура и Чарли станаа пријатели уште додека Лаура беше во стомакот на мајка и. Чарли е слатко кученце, кое се радуваше за нејзиното доаѓање на овој свет, а кога тоа се случи, тој беше најсреќното куче на светот. 

Постојано бил нежен кон неа, како да и е постар брат и постојано го прател секој нејзин чекор. Ги видел нејзините први чекори, ги слушнал нејзините први зборови и внимавал на неа секој ден. Тие обожаваат да одмараат и да спијат заедно, да шетаат, да си играат. Затоа, Лаура одлучила да го изненади Чарли со нов член во семејството.

ОткакоЛаура и новото кутре Лили се запознале, време било и Чарли да ја запознае. Тој се воодушевил од својата мала сестричка. Имал уште еден член за кој тој требал да се грижи, а тоа секако, го прави најсреќен. Погледнете го видеото, на кое на радоста на Чарли и нема крај.

 

 

Прегледи:
406
Објавено на:
11.12.2017