Синот на Кристијано Роналдо тргна по стапките на неговиот татко и покажа дека поседува голем фудбалски талент.
Додека Роналдо има проблеми со постигнувањето голови во Серија А, каде по три кола се уште се нема запишано во листата на стрелците, неговиот син, Кристијано Роналдо Јуниор ги решета мрежите во дресот на Јувентус.
Младиот Роналдо настапува за тимот на Јувентус до 9 години, а во натпреварот против Лученто, синот на најголемата ѕвезда на Старата дама постигна четири гола во победата од 5:1.
https://www.youtube.com/watch?time_continue=16&v=q46pSPyrzmo
Покрај синот на Роналдо, во младинскиот тим на Јувентус настапува и синот на Андреа Барзаљи.
Според виденото на теренот, младиот Португалец покажува раскошен талент и наговестува дека во иднина може да го замени својот татко. Кој знае можеби ќе стане и поголем фудбалер од КР7.