Категории

Кога партнерот ќе ве напушти, направете ги овие 4 работи

Многу луѓе се соочиле со разделба од партнерот. Без оглед колку на тоа колку била болна таа разделба, треба да знаеме да се справиме со оваа ситуација. 

Секој од нас на различен начин се обидува да се справи со емоционалната болка. Најубаво е оваа ситуација да ја сфатиме како ново поглавје во нашиот живот и да ги правиме следниве работи:

Пред се, треба постојано да се смееме. Колку некогаш да изгледа тешко и невозможно да се смееме кога душата ни „плаче“, сепак е многу подобро и многу убаво изгледаме кога ќе се насмееме. Смеењето е дел од лекувањето. Гледање комедии, излегување со пријателите, играње и многу други работи се повеќе од добредојдени.

Постојат многу места во градот кои ќе ве потсетуваат на вашиот поранешен партнер. Многумина не би сакале да излегуваат за да не налетаат на него. Сепак, излегувањето ќе ве оттргне од ситуацијата и ќе ве мотивира да продолжите да го живеете вашиот живот.

Родителите секогаш знаат што е најдобро за своите деца. Јавете им, кажете им што се случило. Тие сигурно ќе ви помогнат со нивните совети и поддршка.

Направете книга во која ќе ги запишете сите ваши мисли за партнерот кој ве напуштил. тоа ќе ви помогне да ги извадите потиснатите емоции и побрзо да заборавте на него.